• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Струмица за пет денови поднесени 82 барања за субенционирање за купување нов велосипед

Во Струмица за пет денови поднесени 82 барања за субенционирање за купување нов велосипед

Струмица, 2 јули 2024 (МИА) - За пет денови од објавувањето на Јавниот оглас на Општина Струмица за субвенционирање за купување нов велосипед поднесени се 82 барања од граѓаните.

Според информациите од локалната самоуправа, пристигнатите барања се разгледани од Комисијата за проведување на Јавниот повик за за купување на велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло) за 2024 година.

Додаваат дека од планираниот буџет во Програмата за заштита на животната средина за оваа година се планирани 1.250.000 денари, а до сега се искористени 555.396 денари.

Инаку, средствата што Општина Струмица ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот или велосипед со заштитна опрема, но не повеќе од 10.000,00 денари по лице.

Јавниот повик е отворен до 25 овој месец. рт/сст/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан