• сабота, 07 септември 2024

Во Струмица вечер трето издание на „Get EXITed“ во рамки на EXIT фестивалот

Во Струмица вечер трето издание на „Get EXITed“ во рамки на EXIT фестивалот

Струмица, 6 септември 2024 (МИА) - Во Големиот градски парк во Струмица вечер ќе се одржи третото издание на Get EXITed настанот во рамки на светски на познатиот EXIT фестивал.

На сцената се очекува да настапат некои од најголемите имиња на светската и регионалната музичка сцена, како и познати локални изведувачи од најразлични жанрови. Организаторите ги најавуваат хитмејкерите Meduza, тешки повеќе милијарди прегледи, креаторите на светски познатата клупска химна „The Mirage“ - Agents of Time, афро-хаус дивата Layla Benitez, кралицата на балканската сцена Senidah, како и локалните изведувачи 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija. 

-Струмица продолжува да демонстрира квалитети на регионален центар - домаќин на настани од светска класа, а овогодишното издание на Фестивалот кој прераснува во традиција, ќе биде само уште една потврда за ова, изјави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Get EXITed како концепт на еднодневен музички настан досега ги собра големите имиња од светската и регионалната сцена како John Newman, Burak Yeter , Deborah De Luca, Mahmut Orhan, Konstrakta, Van Gogh, Lanna и многу други, со повеќе од 20.000 разиграни фанови во публиката. рт/са/

Фото: плакат за настан

Остани поврзан