• недела, 28 јули 2024

Во Русија нема да го има ниту пивото „Хајнекен“

Во Русија нема да го има ниту пивото „Хајнекен“
Амстердам, 9 март 2022 (МИА)  -   „Хајнекен“ е најниот голем бренд што ги прекинува операциите во Русија. Холандскиот производител на пиво соопшти дека ја запира продажбата, производството, како и рекламирањето на „Хајнекен“ во таа држава. Во денешното соопштение се наведува дека „ги проценува стратешките опции за иднината на нашите руски операции“. „Гледаме јасна разлика, меѓу постапките на Владата и на нашите вработени во Русија. Повеќе од 20 години, нашите локални вработени се ценети членови на нашиот бизнис. Поддршката на нашите вработени и нивните семејства, е јасен принцип, додека го дефинираме патот напред“, пишува во соопштението. „Хајнекен“ информираше и дека ќе ги засили поддршката и донациите за невладини организации, што оперираат во Полска, Унгарија, Романија, Словачка. Претходно, Мекдоналдс и Старбакс соопштија дека ги затвораат нивните ресторани и кафулиња во Русија, а Кока-Кола, исто така, ги одложува операциите во земјата, како одговор на руската инвазија врз Украина. ПепсиКо повлекува дел од производите од Русија. бд/зш/

Остани поврзан