• среда, 11 февруари 2026

Во просториите на ЦУК одржан технички состанок во рамките на проектот МКФФИС

Во просториите на ЦУК одржан технички состанок во рамките на проектот МКФФИС

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа првиот технички состанок во рамките на проектот за подобрување на Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС), кој се спроведува со поддршка на Центарот и мрежата за климатски технологии (CTCN) при Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) во рамките на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП).

Состанокот, информираат од ЦУК, го отвори директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, кој ги поздрави присутните гости и учесници и им посака успешна реализација на зацртаните цели и активности нагласувајќи ја важноста на координирниот пристап, институционалната соработка и унапредувањето на техничките капацитети за справување со ризиците од шумски пожари и климатските промени.

Проектот е насочен кон унапредување на МКФФИС преку развој на нови аналитички модули, зајакнување на ИТ и техничката поддршка, како и јакнење на капацитетите на институциите надлежни за превенција, рано предупредување и одговор на шумските пожари, со посебен фокус на намалување на ризиците од катастрофи и инклузивен пристап.вј/дма/

Фото: ЦУК

Остани поврзан