• вторник, 12 ноември 2024

Во Прилеп донирано специјално возило за лицата со попреченост

Во Прилеп донирано специјално возило за лицата со попреченост

Прилеп, 22 март 2024 (МИА) - Специјално возило со автоматска рампа за лицата со попреченост како донација доби прилепската локална самоуправа од компанијата „Дрекслмајер Македонија“.

Возилото е опремено за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со попречености.

Како што информираат од Општината, целта на донацијата е на граѓаните со попречености да им се обезебeдат поголеми можности за вклученост во секојдневните процеси на општественото живеење.

Оваа донација беше изгласана од советниците на претходната седница на советот на Општината.

-Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за подбрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани нѐ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на „Дрекслмајер Македонија“ при денешното предавање на специјалното возило за употреба во прилепската локална самоуправа. ем/сст/

Фото извор: Локална самоуправа - Прилеп

 


 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан