• среда, 25 декември 2024

Во пресрет на „Винска визија – Отворен Балкан“ вицепремиерот Стоилковиќ се сретна со Младеновска – Јеленковиќ од „Вина од Македонија“

Во пресрет на „Винска визија – Отворен Балкан“ вицепремиерот Стоилковиќ се сретна со Младеновска – Јеленковиќ од „Вина од Македонија“

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) – Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ оствари работна средба со Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“. Двајцата соговорници на средбата, а во пресрет на третата по ред  „Винска визија – Отворен Балкан“ што од 22 до 24 ноември се одржува на Белградскиот саем, зборуваа на тема претставување на домашните изложувачи на Саемот, како и унапредување на винската индустрија во регионот, со цел успешна презентација и интеграција на вината од Македонија и регионот во глобалната и европска економија, соопштија од неговиот кабинет.

Воедно, на средбата станало збор и за потенцијалите на македонската винска индустрија, како и за надминувањето на проблемите со кои се соочуваат домашните производители. 

Инаку, во рамки на „Винска визија – Отворен Балкан“, саем на вино, храна и туризам што се одржува во рамките на Отворен Балкан афирмираната платформа за мир, ќе настапат повеќе од 80 изложувачи, а ќе бидат претставени македонските винарии и дестилерии. 

„Винска визија – Отворен Балкан“ е одлична можност за презентација, промоција, но и поврзување на регионот во смисла на размена на производите, па за таа цел вицепремиерот и министер Стоилковиќ и Младеновска – Јеленковиќ се согласија дека е важен заедничкиот настап на сите земји од Западен Балкан, за успешното претставување во голема мера да може да придонесе за понатамошниот развој на домашната економија.

Како што велат од Министерството за односи меѓу заедниците, со оглед на тоа дека сме лидери во производство на вино и винската индустрија е вистински амбасадор на државата, и со вкупен извоз од 50 милиони евра годишно придонесува во бруто домашниот производ, е потребна поддршка, односно важно е да се дискутира за развој. сст/са/

фото Министерство за односи меѓу заедниците

 

 

Остани поврзан