• недела, 24 ноември 2024

Во пожарите во Грција минатиот месец изгореле над 50.000 хектари

Во пожарите во Грција минатиот месец изгореле над 50.000 хектари

Атина, 5 август 2023 (МИА) – Во јули годинава во големите пожари во Грција изгореле 50.791 хектари земјиште, а само на островот Родос изгорената површина е 18 илјади хектари, според проценките на оперативната единица BEYOND на Институтот за астрономија и астрофизика на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Врз основа на податоците, конкретните шумски пожари предизвикале значително поголемо уништување во споредба со пожарите во истиот период во последните 13 години, со оглед на тоа што опожарените површини во јули 2023 година се три пати поголеми од јули 2022 година и четири пати повеќе од истиот месец во 2021 година.

За време на топлотниот бран во Грција од средината на јули, во земјата активни беа десет големи пожари на различни локации, а на островите Родос, Евија и Крф потребна беше и превентивна евакуација на жителите и туристите. ср/мс/

Остани поврзан