• среда, 27 ноември 2024

Во подготвителен фудбалски натпревар, пехчевски „Кит Го“ славеше над „Осогово“ од Кочани

Во подготвителен фудбалски натпревар, пехчевски „Кит Го“ славеше над „Осогово“ од Кочани
Пехчево, 6 февруари 2021 (МИА) - Фудбалерите на „Кит-Го“од Пехчево го одиграа првиот пријателски натпревар на домашен терен, во рамки на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората фудбалска лига - Исток во која досега двапати гостуваа.
По двете претходни ремија со Брегалница и со Кожуф во Гевгелија, овој пат на домашен терен во Пехчево го совладаа Осогово со 1-0. Од стручниот штаб на домаќините, честитајќи им на кочанчани за добрата фудбалска игра, истакнаа дека на денешниот натпревар победил подобриот тим.
-Имавме доминантната игра која ја крунисавме со голот на Бошко Ступиќ во 62. минута, кој прекрасно лобуваше по асистенција на Тони Мичковски. Ова е трет негов погодок во подготвителниот период, што значи дека неговата форма е одлична, истакнаа од ФК „Кит Го“.
Во второто полувреме, како што додадоа, одлични шанси и за поубедлива победа имале и Мичковски и Ступиќ, а Стефан Мишев го погодил и дирекот од противничкиот гол.
На овој натпревар за екипата на домашната екипа настапи и колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба, кој доаѓа од ФК „Борец“. Стручниот штаб на пехчевци сериозно смета на неговите услуги и според нив е сериозно засилување за Кит Го за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток. вс/бак/

Остани поврзан