• петок, 27 септември 2024

Во Општина Ѓорче Петров трибина за важноста од навремено вакцинирање за ХПВ и морбили

Во Општина Ѓорче Петров трибина за важноста од навремено вакцинирање за ХПВ и морбили

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Важно е да ја разбереме улогата на вакцините во заштитата на заедницата и да продолжиме со поддршката на вакциналните програми, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на денешната трибина посветена на кампањата за вакцинација против морбили и ХПВ кај младите генерации.

- Вквите настани се од клучно значење за здравјето на децата и младите, изјави градоначалникот Стојкоски.

На трибината учествуваа експерти од здравствениот сектор, Соња Ралева од поликлиника Бит-пазар, дерматовенеролог Ленче Нелоска и претставници од здружението за одржлив развој БИОМ и Светската здравствена организација.

- Тие ги претставија предностите на вакцините и ги разгледаа сите аспекти на нивната важност за заштита од сериозни заболувања, информираат од Општината.

Стојкоски ги повика сите родители и млади да се информираат, да поставуваат прашања и да се консултираат со медицински професионалци за најдобрите опции за вакцинирање.

- Здравјето на нашата заедница зависи од нашата заедничка посветеност. Со заеднички напори, можеме да постигнеме значајни резултати, порача Стојкоски. ир/нд

 

Фото: Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан