• сабота, 23 ноември 2024

Во Нигерија киднапирани најмалку 300 девојчиња

Во Нигерија киднапирани најмалку 300 девојчиња
Абуџа, 26 февруари 2021 (МИА) - Најмалку 300 ученички денеска се киднапирани од страна на вооружена група во нигерискиот град Јангебе. Според еден од наставниците, вооружена група со автомбили и мопеди пристигнала до државното средно училиште за девојчиња Јангебе. Некои од киднаперите биле облечени во униформи на безбедносните сили. Портпаролот на гувернерот на нигериската држава Замфра, каде се случи киднапирањето го потврди инцидентот, но не наведе детали Терористичката група Боко Харам во мај 2014 година киднапира над 200 девојчиња од училиште, а еден месец претходно беа киднапирани 276 ученички. Дел од девојчињата беа ослободени, а судбината на  останатите се уште е непозната. ми/

Остани поврзан