• вторник, 24 декември 2024

Во недела во Венецуела ќе се одржат претседателски избори, се бира меѓу Мадуро и Урутија

Во недела во Венецуела ќе се одржат претседателски избори, се бира меѓу Мадуро и Урутија

Каракас, 26 јули 2024 (МИА) - Во недела во Венецуела се одржуваат претседателски избори на кои граѓаните на таа земја ќе одлучат дали на актуелниот претседател Николас Мадуро ќе му дадат трет последователен мандат или ќе го поддржат опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија.

Право на глас во Венецуела имаат повеќе од 21 милион граѓани, меѓутоа, поради егзодусот на повеќе од 7,7 милиони луѓе поради долгорочната економска криза, бројот на потенцијалните гласачи е околу 17 милиони.

Гласањето се врши по електронски пат. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан