• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Неготино се одржа обука за заштита и спасување

Во Неготино се одржа обука за заштита и спасување

Неготино, 6 март 2025 (МИА) - Обука за заштита и спасување се одржа денеска во Неготино. Заменик началникот на Подрачниот штаб за заштита и спасување од пожари од Кавадарци, Александар Стојанов, ја истакна важноста на ваквите обуки за подобра општествена заштита. 

- Учествував на еднодневната обука организирана од Дирекцијата за заштита и спасување, во присуство на членовите на подрачните штабови за заштита и спасување од Кавадарци , Неготино и Велес. Обуката се реализираше во просториите на Општина Неготино. Во своите воведни обраќања, од ДЗС  ја истакнаа важноста на ваквите активности за подобрување на координацијата и ефикасноста на системот за заштита и спасување, појасни Стојанов. 

Тој истакна дека оваа обука има јасна цел да се утврдат надлежностите на субјектите во системот, како и методите на работа на Штабот. Дополнително, додаде, се нагласува важноста на правилната организација и раководење со силите за заштита и спасување во случаи на природни непогоди и други несреќи.

- Обуката беше од особено значење за сите учесници, бидејќи преку практични примери и стручни насоки се унапредуваат капацитетите за брза и ефикасна реакција во итни состојби, подвлече Стојанов. свд/дма/


Фото : Фејсбук на Александар Стојанов 

Остани поврзан