• среда, 25 декември 2024

Во Министерството за транспорт и врски потпишани договори за реконструкција на локални улици во шест општини

Во Министерството за транспорт и врски потпишани договори за реконструкција на локални улици во шест општини

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Во Министерството за транспорт и врски денеска се потпишаа договори за реконструкција на дванаесет локални улици во шест општини.

Договорите за реконструкција ги потпишле министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со градоначалниците на општините Свети Николе, Лозово, Карбинци, Чешиново – Облешево, Демир Хисар и Ресен.

Како што се наведува во соопштението ова е дел од проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта во општините, што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

- Драго ми е што Министерството за транспорт и врски уште еднаш излегува во пресрет на граѓаните и создава услови за подигнување на животниот стандард преку реконструкција на улиците и урбан развој на општините. Гледаме партнер во сите општини, се со цел да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Ова е проект кој го реализираме преку Министерството и драго ми е што општините аплицираат со проекти за да можеме средствата да ги алоцираме во вистинска насока, за граѓаните. Директно ги помагаме општините, ги подигнуваме капацитетите и сакам да истакнам дека поддршката продолжува и во следниот период. Преку овој проект исто така ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и го стимулираме локалниот економски развој. Нашата цел е стабилни општини и задоволни граѓани, изјавил министерот Бочварски.

Во рамки на овој Проект, Министерството за транспорт и врски до сега реконструираше преку 140 улици во над 60 општини. цр/ац/

Фото: МТВ

Остани поврзан