• четврток, 26 декември 2024

Во Македонска Каменица со сет мерки ќе се интервенира пред најавеното зголемување на цената на електрична енергија

Во Македонска Каменица со сет мерки ќе се интервенира пред најавеното зголемување на цената на електрична енергија
Македонска Каменица, 2 септември 2022 (МИА) - Општина Македонска Каменица подготвува сет мерки за намалување на трошоците пред најавеното дополнително зголемување на цената на електричната енергија. За таа цел Општината, како што најави градоначалникот Димчо Атанасовски, подготвува усвојување на неколку програми за создавање енергетски ефикасна општина. -Овие предизвици се причина за побрза подготовка и усвојување на тие програми чие усвојување е во завршна фаза. Како дел од овие програми предвидени се  субвенции за енергетско-ефикасни фасади, субвенции за промена на прозорци во куќа или стан и субвенции за инсталација на фотоволтаични системи, истакна Атанасовски. Програмите, како што додаде, ќе бидат применливи во првите месеци од 2023 година. - Заради подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани подготвуваме уште неколку проекти за воведување на концепт за зелена и чиста општина. Сите овие програми и проектни активности беа дел од предизборната програмаза локалните избори во 2021 година, додаде Атанасовски. Усвојувањето на овие мерки се предвидува во текот на септември. вс/цр

Остани поврзан