• сабота, 27 јули 2024

Во Македонска Каменица поставени контејнери за електронски отпад и батерии

Во Македонска Каменица поставени контејнери за електронски отпад и батерии

Македонска Каменица, 19 јуни 2024 (МИА) - Во Општина Македонска Каменица e поставена инфраструктура од контејнери за ситен електронски отпад и батерии, соопшти каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски. Активноста, како што информираше, се реализира со поддршка на Нула Отпад ДОО Скопје. 

-Благодарност до Нула Отпад ДОО Скопје кои се меѓу првите редови за подигнување на јавната свест меѓу луѓето за правилна селекција на опасниот отпад и унапредување на квалитетот на животната средина. Грижата на здравата и чиста средина е наш приоритет, преку промовирање на одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електонскиот отпад, истакна Атанасовски.

Со реализацијата на оваа активност, потенцираше, Општината амбициозно чекори по патот кон зелена, европска, чиста и одржлива општина.

-Со достапен сервис за селекција на опасниот отпад спречуваме истиот да заврши на неправилно место. Заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина, додаде Атанасовски.

Контејнерите за ситен електронски отпад и батерии се поставени на повеќе локации во Македонска Каменица. вс/сст/

 

Фото: Димчо Атанасовски градоначалник на Македонска Каменица

Остани поврзан