• среда, 25 декември 2024

Во Крушево почнува „Krushevo Trail Challenge“

Во Крушево почнува „Krushevo Trail Challenge“

Крушево, 27 мај 2022 (МИА) - Од денеска па целиот викенд, во Крушево за првпат се одржува „Krushevo Trail Challenge“ кој содржи неколку трки. Центарот на случувањата се ски терените, а ќе биде опфатена и градската средина. Учесниците од целата држава ќе имаат можност да се натпреваруваат, но и да уживаат во околината на Крушево.

Најпозната е ноќната планинска трка од 8 километри која ќе почне утревечер, сабота. Трката има натпреварувачки карактер. Сообраќајот ќе се одвива регуларно, со кратки прекини на премините кај детското одморалиште „Шула Мина“, „Јаноска чешма“ и кај преминот со скалила под црквата „Св. Богородица“.

Натпреварувачите стартуваат од ски терените „Станич“ и ќе се упатат кон детското одморалиште Шула Мина. Оттаму се спуштаат кон Крушевското езеро, продолжувајќи кон Македониумот, Гумење, Јаноска чешма, а потоа Се упатуваат низ уличките на стариот град кон црквата „Св. Богородица“. Од тука се спуштаат до центарот на градот и продолжуваат кон паркот Питу Гули и  хотелот „Панорама“ поминувајќи низ подвозникот. Натпреварувачите потоа продолжуваат до хотел „Илинден“, а ќе завршат на врвот на жичарницата.  

„Krushevo Trail Challenge“ требаше уште лани да се одржи, но поради ковид-протоколите и забраната за движење низ шумите, беше одложен за годинава.

Организатор е планинарското друштво „Златоврв“ од Прилеп.ем/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан