• недела, 17 ноември 2024

Во Крушево меѓународен фудбалски турнир во чест на Тоше

Во Крушево меѓународен фудбалски турнир во чест на Тоше
Крушево, 16 мај 2022 (МИА) - На 28 мај првпат во Крушево ќе се одржи Меѓународен турнир во чест на македонската и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Настанот во чест на Тоше ќе трае три дена. Во петок, на 27 мај, се очекува да пристигне градоначалникот на Нова Градишка, Хрватска, заедно со фудбалска екипа, а на турнирот ќе учествуваат екипи од Крушево и Скопје. Крушевскиот градоначалник, Томе Христоски, имаше средба со претставници од здружението „Мандра“. - Прв пат во Крушево ќе се одржи овој настан кој започна пред 12 години. Заедно со Нова Градишка и здружението „Мандра“ ќе организираме меморијален турнир и посета на Крушево. Ова е уште еден настан со кој се одбележуваат ликот и делот на нашиот сограѓанин и музичката ѕвезда Тоше Проески, вели Христоски. ем/ар/  

Остани поврзан