• вторник, 18 февруари 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кавадарци промоција на новиот албум на Таневски, поранешен вокал на ,,Мизар"

Во Кавадарци промоција на новиот албум на Таневски, поранешен вокал на ,,Мизар

Кавадарци, 29 јануари 2025 (МИА) - Промоција на новиот албум на Горан Таневски, поранешен вокал на култниот рок бенд  ,,Мизар", се одржа вечерва во галеријата на Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци. 

- Станува збор за акустична промоција во живо на новиот албум, насловен  ,,Ascend“. Горан Таневски по објавувањето на сингловите „Wish a man" и „Среќен ден", го објави албумот „Ascend", кој е веќе достапен на стрим сервисите. Неодамнешниот соло проект на Горан, ,,Ascend“, го означува првиот албум од трилогијата "Среќен сум дури и без себе", одраз на неговите сопствени животни фази, појаснија од Домот на културата. 

Оттаму нагласија дека ,,Ascend“ ја доловува енергичната суштина на младоста, каде што идеализмот и имагинацијата се среќаваат со реалноста на животот. 

- Ова дело ги поканува слушателите да се поврзат со темите на издржливост, верба во себе и непопустливиот дух на младоста, недопрени од илузии за „брз живот" или морален компромис,  повик да го зачуваме интегритетот на духот, држејќи се до нашите соништа и вредности, велат од Домот на културата. свд/дма/


Фото : МИА 

Остани поврзан