Во Кавадарци отворена изложба на дела ,,Женско писмо"
- ,,Женско писмо" е насловена изложбата на дела, што синоќа беше отворена во галеријата на Домот на културата, ,,Иван Мазов - Климе,, во Кавадарци, во пресрет на денот на жената, 8 Март.

Кавадарци, 6 март 2025 (МИА) - ,,Женско писмо" е насловена изложбата на дела, што синоќа беше отворена во галеријата на Домот на културата, ,,Иван Мазов - Климе,, во Кавадарци, во пресрет на денот на жената, 8 Март.
Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова појасни дека на изложбата со свои дела учествуваат 20 жени уметници, академски сликари, жени - уметници аматери, млади девојки, уметници од цела држава, од Прилеп, Кочани, Скопје, Битола и Кавадарци.
- Изложбата ја организиравме во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Кавадарци, со претседателката Марина Убавкова. Нашата галерија е исполнета со светлина од прекрасни дела. Секое дело е со своја приказна за себе, секоја слика е различна. Уметниците се вложиле максимално, додека го креирале секоја својот аранжман, истакна Туриманџова. свд/са/
Фото: МИА