• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лишени од слобода три лица во Неготино во возило им била пронајдена тревкаста материја 

Лишени од слобода три лица во Неготино во возило им била пронајдена тревкаста материја 

Неготино, 22 март 2025 (МИА) -  Три лица во Неготино биле лишени од слобода откако во во возилото им била пронајдена тревкаста материја, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

– Денеска во 1:55 часот во Неготино, од страна на  полициски службеници, лишени се од слобода И.Ј., на возраст од 22 години од Скопје и М.С., на 22-годишна возраст и Р.К., 21-годишно лице од село Тремник-Неготино. При контрола на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблици, управувано од И.Ј., а како сопатници во возилото биле М.С. и  Р.К., кај Р.К. била пронајдена тревкаста материја, стои во информацијата од СВР - Велес. 

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/ра/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан