• недела, 24 ноември 2024

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија
Рим, 16 декември 2020 (МИА) - Рано утрово околу 300 полицајци и агенти на италијанските сили за спроведување на законот извршија рација низ цела Италија и „на дело“ уапсија лица поврзани со детска порнографија, пренесува агенцијата Аги. Во масовна акција, со соработка на полицијата од целиот свет, и по неколкумесечно следење и собирање податоци, италијанската полиција уапси 81 лице, вклучени во криминалната група за купување, продавање и производство на педо-порнографски материјал. Оваа акција, која беше изведена под кодно име „Луна парк“, е најмасовна од ваков вид во последните неколку години. Покрај италијански криминалци, уапсени се 432 лица ширум светот, од кои потекнува педо-порнографскиот материјал. паг/    

Остани поврзан