• сабота, 23 ноември 2024

Во Доха продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа

Во Доха продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа

Каиро, 25 февруари 2024 (МИА) - Преговорите за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во војната во Газа продолжија денеска во Доха меѓу египетски, катарски и американски посредници и претставници на Израел и Хамас, јавија египетските медиуми.

Израелската делегација, предводена од шефот на Мосад, Дејвид Барни, престојуваше во Париз во текот на викендот за да разговара за можноста за постигнување договор за обезбедување привремен прекин на огнот и ослободување на заложниците кои Хамас ги држеше во Газа од 7 октомври во замена за палестинските затвореници во израелски затвори.

Воениот кабинет на Израел се согласи во саботата да испрати делегација во Катар за да ги продолжи тие разговори, објавија израелските медиуми.

Египетскиот Ал Кахра њуз, поврзан со египетските разузнавачки служби, денеска објави дека разговорите во Доха се продолжение на разговорите во Париз и дека потоа ќе се разговара во Каиро.

На крајот на ноември, за време на седумдневното примирје, со посредство на Катар, Египет и САД, беа ослободени околу 100 заложници држени во Газа, како и 240 Палестинци од израелските затвори. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан