• недела, 28 јули 2024

Во делчевското село Тработивиште асфалтирани нови улици

Во делчевското село Тработивиште асфалтирани нови улици

Делчево, 25 септември 2023 (МИА) -  Како дел од регионалниот пат за сeло Разловци, се асфалтираа улици и селскиот плоштад во делчевското село Тработивиште. Активностите, како што информираа од Општината, се одговор на барањата на жителите од ова село за санација на критичната патна инфраструктура на најфреквентните улици во село Тработивиште кои водат за Разловци. 

-Со оваа интервенција завршува асфалтирањето на регионалниот пат за најодалеченото село во Општина Делчево, Разловци, планирано за оваа година. Во рамките на реконструкцијата покрај регионалниот пат беа опфатени и селските плоштади во двете села, Разловци и Тработивиште, информираа од Општина Делчево.

Согласно најавите од ЈП за одржување регионални и магистрални патишта, наредните денови ќе се работи на доизградба на банкините покрај патот.  

-Реконструкцијата на регионалниот пат за село Разловци е вредна 50 милиони денари, средства преку програмата на ЈПДП, а градежните работи ги извршува ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта, истакнаа од ЈПДП.

Оттаму најавуваат продолжување на реконструкцијата на регионалниот пат и наредната година при што се најавува реконструкција на уште 1.600 метри од патот со што овој патен правец ќе биде и комплетно реконструиран. вс/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан