Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија
- Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина.
Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина.
Во периодот од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар, во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од ул.Радишанска во Бутел, од 09:00-12:00 часот корисниците на ул. 29 Ноември бр. 37 во Центар и во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од ул. Урош Џудовиќ во Карпош. ев/
ФОТО: Архива