• недела, 29 декември 2024

Во градскиот музеј Крива Паланка отворена изложбата „Времеплов"

Во градскиот музеј Крива Паланка отворена изложбата „Времеплов

Крива Паланка, 28 декември 2024 (МИА) - Изложбата „Времеплов" на кривопаланечката акедемска скулпторка, Анета Стојчевска, од синоќа е отворена за уметничката јавност во Крива Паланка. Делата се изложени во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

- Времеплов некако природно се наметна како наслов на самата постановка, бидејќи сметам дека за да заживее новиот облик, потребно е да помине време, и тоа минато, сегашно, идно. Така што, самиот наслов означи хронолошки ред на изложените дела, рече авторката.

Изложбата претставува инсталација во просторот, комбиниран медиум изразен со мултидимензионалноста на постаментот кој се преобликува или исчезнува.

За изложбата говореа директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, Драган Величковски и Ѓорги Костовски, историчар на уметност.

Воедно, оваа изложба ја заокружи програмата на градскиот музеј од изложбената и ликовна дејност за 2024 година.

Делата ќе бидат достапни за уметничката јавност во претстојните денови, до крајот на годината. ид/ац/

Фото: Градски музеј Крива Паланка 

 

 

Остани поврзан