Новогодишен базар во Прилеп
- Од денеска до 30 декември во центарот на Прилеп, платото пред Градскиот саат, се одржува Новогодишниот базар на кој своите производи и ракотворби ги понудија производителите од регионот.
Прилеп, 28 декември 2024 (МИА) - Од денеска до 30 декември во центарот на Прилеп, платото пред Градскиот саат, се одржува Новогодишниот базар на кој своите производи и ракотворби ги понудија производителите од регионот.
Новогодишниот базар се одржува по вторпат во организација на „Слоуфуд-Прилеп“ и на локалната самоуправа и според учесниците е побогат и повесел од претходниот.
- Атмосферата е убава уште повеќе зашто на прилепчани и на гостите во градот производите им ги продаваат оние што сами ги направиле со голема љубов, рече Гоце Бумбароски од прилепската локална самоуправа.
Граѓаните за новогодишните и за божикните празници сакаат да купат нешто уникатно и да им го подарат на блиските.
-Многу ни е мило што и по вторпат сме дел од организацијата на Новгодишниот базар. Ова е многу добар начин за да се промовираат локалните производители, а е и добар потег за збогатување на настаните во градот, а и граѓаните да имаат убава предновогодишна забава, рече Тодорка Наумоска Димески, претседател на „Слоуфуд Прилеп“. ем/ац/
Фото: МИА архива