• сабота, 27 јули 2024

Во галеријата „Ко-Ра“ отворена изложба на Снегана Мелник од Украина

Во галеријата „Ко-Ра“ отворена изложба на Снегана Мелник од Украина
Скопје, 23 април 2021 (МИА) - Изложбата на Снегана Мелник од Украина денеска е отворена во големиот салон на галеријата „Ко-Ра“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје.
Проектот насловен „Еротика“ е на иницијатива на Јасна Кристаниќ, а поддржан е од Град Скопје и од Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.
Промотор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“  - Скопје.
Снегана Мелник има реализирано повеќе самостојни изложби и учество во бројни групни изложби, како и во голем број ликовни колонии во земјата и надвор. мд/сп/

Остани поврзан