• вторник, 12 ноември 2024

Во Газа продолжија борбите и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН

Во Газа продолжија борбите и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН

Газа, 26 март 2024 (МИА) - Борбите меѓу Израел и Хамас во Газа продолжија и синоќа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која претходно се побара итен прекин на огнот.

Би-Би-Си пренесува очевидци од Газа кои изјавуваат дека израелски воени авиони синоќа го бомбардирале јужниот град Рафа, додека жестоки борби се водат околу болниците во градовите Кан Јунис и Газа.

Предупредувачките сирени се огласија и во израелските градови во близина на границата со Газа.

Советот за безбедност на ОН вчера ја усвои првата резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ во Газа, по повеќе од пет месеци војна меѓу Израел и Хамас.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан