Во Виница се уредува градското зеленило со кастрење на дрвјата
- Откако завршија активностите со кастрење на дрвјата долж булеварот, денеска во Виница продолжи уредувањето на зеленилото со кастрењето на дрворедот на главната улица во централното градско подрачје , улицата "Маршал Тито".
Виница, 9 февруари 2026 (МИА) - Откако завршија активностите со кастрење на дрвјата долж булеварот, денеска во Виница продолжи уредувањето на зеленилото со кастрењето на дрворедот на главната улица во централното градско подрачје , улицата "Маршал Тито".

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски очекува денеска и утре, доколку временските услови тоа го дозволат, оваа активност, која се спроведува веќе десетина дена, конечно да заврши.
-И понатаму, дел од улицата каде што се работи, ќе биде затворена за сообраќај, информира Костадиновски. ис/сст/
фото: Општина Виница