• четврток, 12 февруари 2026

Во Виница се одржа 44. Лозаро-овоштарска вечер

Во Виница се одржа 44. Лозаро-овоштарска вечер

Кочани,9 февруари 2026 (МИА) - Викендов во хотелот „Центробизнис“ во Виница се одржа 44-та Лозаро-овоштарска вечер, традиционална манифестација која и годинава привлече гости од Виница и регионот.

Дел од манифестацијата беше и традиционалната дегустација на вино и ракија, при што стручната комисија ги избра најквалитетните производи.

Во категоријата бели вина, првото место го освои Киро Андонов, второто Симо Стоименовски, а третото Павле Стоименов.

Кај црвените вина, за најквалитетно беше прогласено виното на Тони Велков, второто место му припадна на Емил Дончев, а третото на Петруш Ѓоргиев.

Во категоријата лозова ракија, првото место го освои Мартин Стојмиров, второто Виктор Димитров, а третото повторно Петруш Ѓоргиев.

Кај сливовата ракија, најдобра беше ракијата на Николчо Цикарски, второто место го освои Влатко Јанчев, а третото Драги Иванов.

Настанот беше збогатен и со богата лотарија, при што главната награда беше телевизор, обезбеден од градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски.

Со дружење, дегустација и добра музика, 44-тата Лозаро-овоштарска вечер уште еднаш ја потврди традицијата и значењето на оваа манифестација за Виница и регионот. ис/сст/

фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан