Во Велес се одржува дводневна Национална работилница за одржливо управување со шуми
- Во периодот помеѓу 1997 – 2023 година, шумскиот фонд во државата се движи од околу 988.000 до 1.008.000 хектари заклучно со 31 декември 2023 година. Со шумските пожари изгубивме значајна површина од шума. Околу 59% се листопадни шуми, останатите се иглолисни ка кои во последните години се забележува значајно намалување. Во 2010 година сме имале околу 100.000 хектари, а денес само околу 60.000 хектари.
Велес, 14 ноември 2024 (МИА) - Во периодот помеѓу 1997 – 2023 година, шумскиот фонд во државата се движи од околу 988.000 до 1.008.000 хектари заклучно со 31 декември 2023 година. Со шумските пожари изгубивме значајна површина од шума. Околу 59% се листопадни шуми, останатите се иглолисни ка кои во последните години се забележува значајно намалување. Во 2010 година сме имале околу 100.000 хектари, а денес само околу 60.000 хектари.
Ова е еден од заклучоците на дводневната Национана работилница за одржливо управување со шуми што во Велес ја организира МЕД –Македонското еколошко друштво во рамките на заедничкиот проект Иницијатива на северни шуми: Обнова на шуми во Северна Македонија и Албанија, во соработка со PPNEA i IUCN. Тие закличија дека во земјава не’ ни недостигаат закони, има добра законска основа за да се штитат шумите и одржливо да се управува со нив, но неопходно е само нивно спроведување. Во заклучокот е наведено дека во последните години недостигаат мерки за одгледување и нега на шумите, а како последица доаѓа до зафаќање со пожар на големи површини шуми. Воедно заклучија дека надлежните не преземаат доволно мерки за негување и зачувување на шумите.
На првиот ден по темата за моменталната состојба со шумите на национално ниво, излагање имаа претставници од МЗШВ, од Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „Ханс ЕМ“. Дискутираа и претставници од ЈП Национални шуми и од Националните паркови во земјава, а излагање имаа и странски експерти присутни на работилницата.
Модераторот Бојана Станојевска Печуровска од Центарот за климатски промени, која ја водеше работилницата од сето излагање заклучи дека значајно е тоа што 40% од нашата територија е под шуми, што е слично на европскиот просек кој изнесува 35%. Меѓутоа она што загрижува е дека околу 30% се генеративни, а дури 70% се од изданково потекло кои се нискостеблести или деградирани што ги карактеризира со биолошката разновидност слаба и слаба социо-рекреативна активност. Што значи дека имаме многу шуми, но со слаб квалитет.
Исто така, недостигаат и податоци кои ќе овозможат подобро планирање и увид во квалитетот на шумите во заштитените подрачја. Беше заклучено дека во моментот капацитетите се слаби, финансиите уште помалку и државата планира во текот на следниот период инвестиции во пошумување, механизација и елекстронси систем за следење на дрвна маса.
Беа спомнати и принципите и концептите за стопанисување со шумите кои се однесуваат на трајност во стопанисување, одржливо управување со шумите, управување со шумите поблиску до природата.
Присутните заклучија дека надлежните во државата треба заеднички да соработуваат и преземат мерки за подобрување на шумскиот фонд, одгледувачки мерки во сите развојни фази на шумата (особено младите иглолисни шуми), стабилни финансиски средства, кои ќе овозможат инфраструктура, механизација, имплементација на мерки, заштита од биотски и абиотски штети.
Понатаму присутните на темата зборуваа за функцијата на екосистемите, индикаторите за карактеризација на различните екосистеми, но и за тоа како екосистемските услуги можат да бидат во функција на зачувување и одрживо управање со шумите. Новите трендови во светот ја зголемуваат цената на јаглерод што зборува дека шумите во иднина ќе имаат уште поголемо значење за сите нас, потенцира Станојевска Печуровска.
Таа информира дека во моментот државата работи на реформи во шумарскиот сектор со подготовка на нова стратегија и нов закон кои треба да ги адресираат овие недостатоци, но присутните запрашаа дали овие реформи ќе ја подобрат состојбата особено ако земеме предвид дека ни 50% од постоечката стратегија не се имплементирани.
Во однос на управувањето на ниво на предел беше заклучено дека треба планови за шуми да бидат за предел и тука да се интегрираат пасишта и водотеци. Исто така да се овозможи и приватни субјекти да работат на планови за управување. Воедно се дискутираше и за намалување на површини на Чиста сеча во националните шуми.
Денеска учесниците на вториот ден од работилницата предлагаат активности за обнова на шумските предели во земјава.ад/
Фото: МИА