• среда, 27 ноември 2024

Во Велес и Велешко регистрирани два случаи на голема кашлица

Во Велес и Велешко регистрирани два случаи на голема кашлица

Велес, 8 април 2024 (МИА) - Во велешко село и во Велес се регистрирани првите два случаи на голема кашлица. Заболени се шестгодишно дете и 32-годишен маж.

Оваа информација за МИА ја потврди Богданка Јорданова, директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. Тие, како што кажа, денеска информацијата ја добиле од ЈЗУ Институт за јавно здравје каде било наведено дека двајцата болни се лекувале во приватните клиники „Систина“ и „Ремедика“ во Скопје и дека и двајцата претходно биле вакцинирани од пертусис.

Воедно информира дека и двајцата биле заболени во текот на минатиот месец. Едниот се води во извештајот на ЈЗУ Институт за јавно здравје како пријавен на почетокот на март, а вториот е пријавен на крајот на март, но се води во извештајот за заболени на оваа јавна здравствена установа како заболен во април годинава.ад/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан