• недела, 28 јули 2024

Во Велес градежни работници пронашле артилериска граната

Во Велес градежни работници пронашле артилериска граната

Велес, 8 август 2023 (МИА) - Во Велес градежни работници вчера околу 13 часот  пронашле експлозивна направа и веднаш ги известиле надлежните.

Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Велес по дојава од градежната фирма нивна екипа излегла на терен и пронашла артилериска граната 75 милиметри. 

- Гранатата била комплетна со зрно чаура и барутно полнење, а пиротехничарте успеале и ја  ја отстраниле околу 19 часот, информираат надлежните.

Лани на истата локација исто така беше пронајдена и отстранета поголема артилериска граната од 105 милиметри, информираат од ДСЗ. ад/цр

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан