• среда, 25 декември 2024

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Белград, 17 септември 2024 (МИА) - Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

На средбата во Брисел ќе се разговара за напредокот во имплементацијата на Охридскиот договор и други прашања кои влијаат на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, изјави портпаролот на Европската унија, Петер Стано.

Според информациите од дипломатски извори, меѓу темите што Белград ги предложи да се најдат на дневен ред е прашањето за мостот на Ибар, како и формирањето на Заедницата на српските општини. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан