• вторник, 12 ноември 2024

Во близина на грчкиот полуостров Пелопонез спасени 97 бегалци и мигранти

Во близина на грчкиот полуостров Пелопонез спасени 97 бегалци и мигранти

Атина, 31 октомври 2024 (МИА) – Во морскиот дел во близина на западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез биле спасени 97 бегалци и мигранти, кои се превезувале со едрилица и сите безбедно се пренесени на пристаништето во Катаколо, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека бегалците и мигрантите ги презел товарен брод што се наоѓал во близина на 76 наутички милји југозападно од приморскиот град Катаколо, каде и што се префрлени. ср/

Остани поврзан