• недела, 24 ноември 2024

Во Берово јавен повик за ангажирање извршители во рамките на проектот „Возврати со љубов, грижа и почит”

Во Берово јавен повик за ангажирање извршители во рамките на проектот „Возврати со љубов, грижа и почит”
Берово, 20 септември 2022 (МИА) - Домот за стари лица ,,д-р Иван Влашки” во соработка со Општина Берово распиша Јавен повик за ангажирање на 24 извршители (даватели на услуги) во рамките на проектот „Возврати со љубов, грижа и почит”. Услугата предвидува давање помош и нега во домашни услови, за стари и изнемоштени лица на територијата на Општина Берово и лица кои живеат во руралните населби,  вонинституционална грижа на ранливи категории граѓани и нивна интеграција во општеството.
-Со услугата ќе бидат опфатени стари и изнемоштени лица, кои имаат над 65 години, живеат сами без секојдневна грижа и нега која им е потребна, имаат лоши услови за живот и кај кои постои отсуство на редовни лекарски прегледи и слично. Избраните кандидати ќе бидат ангажирани најмалку четири часа дневно или вкупно 20 часа неделно, со склучување на  договор за дело. Потребно е сите кандидати да имаат стекнато сертификат за завршена обука за негувател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни, информираа од Домот за стари лица во Берово.
Работниот ангажман на сите ангажирани извршители е предвидено во период за времетраење до 31 декември 2022 година.
-Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во точка IV од овој повик, потребно е да ја достават потребната докумантација преку архивата на Домот за стари лица ,,Др. Иван Влашки” или по пошта на ул.,,Маршал Тито” Бр 8/А, 2330 Берово, со назнака за: ,,Јавен повик за ангажирање на 24 извршители (даватели на услуги) во рамките на Проектот „Возврати со љубов, грижа и почит”, додадоа од установата.
Рокот за аплицирање е од 20.09.2022 до 26.09.2022 година до 15:00 часот. За повеќе информации заинтересираните ги упатија да ја посетат општинската веб-страница. вс/дма/

Остани поврзан