• четврток, 26 декември 2024

Во Белорусија се одржува годишната мобилизациска воена вежба

Во Белорусија се одржува годишната мобилизациска воена вежба

Минск, 21 јуни 2023 (МИА) – Белорусија денеска соопшти дека нејзината армија почна со годишната десетдневна „мобилизациска вежба“.

Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека целта на вежбите е да се процени нивото на подготвеност на државните институции за мобилизација на резервистите. Во Белорусија задолжителен е воениот рок за сите мажи, а по воениот рок тие остануваат во резервниот состав.

Белоруските сили не се директно вклучени во војната во Украина, но Минск и дозволи на Русија да изврши напади врз Украина од нејзина територија, а двете армии одржаа и повеќе заеднички воени вежби.

Овој месец Белорусија почна да добива и руско тактичко нуклеарно оружје, за кое рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е предупредување за Западот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан