• среда, 25 декември 2024

Во БАН свечено отворена изложбата „Книжевното наследство во библиотеката на Бугарската егзархија во Истанбул“

Во БАН свечено отворена изложбата „Книжевното наследство во библиотеката на Бугарската егзархија во Истанбул“

Софија, 20 септември 2024 - Во Бугарската академија на науките (БАН) свечено беше отворена изложбата „Книжевното наследство во библиотеката на Бугарската егзархија во Истанбул“.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Директорката на Централната библиотека на БАН, Силвија Најденова, истакна дека за првпат комплетно е обработена и уредена библиотечната збирка. „Веруваме дека придонесуваме и за зајакнување на односите меѓу Бугарија и бугарската заедница во Турција и за зачувување на културното, образовното и историското наследство на Бугарската егзархија и заедницата на Бугарите од Цариград во Истанбул“, посочи таа.

Според Неделчева, збирката е разновидна по содржина. Најголем дел имаат верските книги, голем е и бројот на учебници. Збирката е богата со белетристика - оригинални бугарски и преведени изданија. На 15-те плакати се прикажани највредните изданија во колекцијата. Таа истакна дека најстарата книга што ја пронашле е од 1858 година.

„Многу добро го знам минатото на овие книги“, вели Христо Копано, член на управниот одбор на Фондацијата на бугарската егзархија во Истанбул. Овие изданија беа фрлени на разни места, не беа складирани. Тие беа правливи и влажни. Дел од тоа наследство исчезна, додаде тој.

Во честитката до изложбениот тим, вршителот на должноста министер за култура Најден Тодоров истакна дека улогата на Бугарската егзархија не е ограничена само на црковната сфера. „Таа имаше значително влијание и врз образовните и културните активности меѓу Бугарите под османлиска власт, а библиотеката на егзархијата во Истанбул има зачувано бесценети литературни историски документи кои се дел од нашето културно наследство, нашето сеќавање на тие тешки времиња, вели министерот во честитката.

Според него, изложбата претставува единствена можност за пошироката јавност да се запознае со богатството на бугарската литература, зачувана и одржувана во странство.

Како што напиша БТА, изложбата „Книжевното наследство во библиотеката на Бугарската егзархија во Истанбул“ ги отсликува активностите на Централната библиотека на БАН во периодот септември 2024-септември 2025 година по ННП

„Развој и консолидација на бугаристиката во странство“. Изложбата е вклучена во програмата по повод 155-годишнината од формирањето на БАН.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан