• четврток, 26 декември 2024

Во Англија зголемен бројот лица со нарушувања во исхраната за 84 отсто за пет години

Во Англија зголемен бројот лица со нарушувања во исхраната за 84 отсто за пет години
Лондон, 20 мај 2022 (МИА) - Болничкиот третман на лицата со нарушувања во исхраната е зголемен за 84 отсто изминатите пет години, а момчињата и младите мажи сѐ се повеќе погодени, покажуваат стручните анализи. Во периодот 2020 / 21 г. имало уште 11.049 случаи на згрижени лица поради болести како што се булимија или анорексија - вкупно 24.268 низ цела Англија. Бројот на деца и млади се зголемил за 35 отсто за само една година кога пандемијата на Ковид беше на својот врв, според анализата на Кралскиот колеџ за психијатрија. Овој ненадеен пораст е забележан кај младите мажи со 280 хоспитализации и во периодот 2015 / 16 година. Колеџот објави нови упатства за помош на професионалците при идентификувањето на луѓето кај кои нарушувањето во исхраната е посериозно и опасно по живот и да обезбеди упатства за правилен третман. Ако треба да се запре епидемија на вакви нарушувања, од клучно значење е на професионалците да им се дадат итни упатства, а властите да го поддржат нивното спроведување. Секоја петта смрт на лице со анорексија е самоубиство. Родителите можат да препознаат можни симптоми како што се компулсивно прејадување, чувство на вина по јадење, негативна слика за себе - некои од знаците за потенцијално нарушување во исхраната.  си/

Остани поврзан