• четврток, 26 декември 2024

Вокер го пропушти тренингот пред финалето на ЛШ поради проблеми со грбот

Вокер го пропушти тренингот пред финалето на ЛШ поради проблеми со грбот

Манчестер, 7 јуни 2023 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер го пропушти вчерашниот тренинг поради проблеми со грбот.

 

За состојбата на дефанзивецот зборуваше тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола.

 

- Беше загрижен за грбот. Вчера не се чувствуваше многу добро. Не сакавме да ризикуваме, ќе видиме што ќе се случи во наредните денови.

 

Самиот фудбалер е оптимист дека ќе биде подготвен до сабота.

 

- Добро сум. Само што стареам! Ми требаше само дополнителен ден да закрепнам, рече 33-годишниот Вокер.

 

Манчестер сити в сабота (10 јуни) во Истанбул ќе се соочи со Интер во финалето на Лигата на шампионите. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан