• недела, 24 ноември 2024

Водостопанската подружница во Кочани повторно приклучена на електричната мрежа

Водостопанската подружница во Кочани повторно приклучена на електричната мрежа
Кочани, 25 август 2022 (МИА) – Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани од утрово повторно е приклучена на електричната мрежа и вработените без проблем ги извршуваат работните обврски. Нормализирањето на состојбата е по само еден ден откако екипи на ЕВН Македонија го прекинаа снабдувањето, а на електричниот ормар истакнаа налепница дека таквата постапка е поради неплатен долг. -Од одговорните во АД Водостопанство на РСМ од Скопје утрово добивме информација дека се работи за недоразбирање со ЕВН што брзо е надминато, а нашите вработени повторно се на своите работни места. Струјата е пуштена, подружницата ги извршува своите обврски како и претходно, а еднодневниот прекин не создаде поголеми проблеми во функционирањето, истакна Благојчо Богатинов, в.д. раководител на водостопанската подружница „Брегалница“. Подружницата од Кочани, која е една од најуспешните во рамки на АД Водостопанство, е надлежна за водоснабдувањето на полињата во брегалничкиот регион и во Овчеполието, а оваа сезона ја завршува со целосно исполнување на планот за наводнување. Притоа, наплатата на водниот надоместок е со над 90 отсто од планираниот износ. та/хс/

Остани поврзан