• понеделник, 13 јануари 2025

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 13 јануари 2025 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 42 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.01.2025 до 10.01.2025 зема 116 примероци за физичко-хемиска и 116 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, е, информираат од ЈП Водовод и канализација, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/са/

фото МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан