• сабота, 27 јули 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 43 мерни места во градот.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.09.2023 до 15.09.2023 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информираат од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации јавното претпријатие ги објавува во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан