• среда, 13 ноември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните

ВМРО - ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните

Скопје, 29 октомври 2024

 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на дело покажува вистинска грижа кон граѓаните и нивниот животен стандард.

За само четири месеци се гледаат ефектите од домаќинското работење. Се намалуваат трошоците за живот, се зголемуваат платите и пензиите, почна заживувањето на економијата.

Минималната синдикална кошница за храна и пијалаци во месец октомври, споредено со септември годинава, бележи намалување од 1000 денари. Ова претставува намалување од 5 проценти на трошоците за храна и пијалаци.

Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните.

Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Но, работа и посветеноста на владата во интерес и за зголемувањето на стандардот на граѓаните не застанува тука, и во иднина ќе продолжат мерките за намалување на цените на производите и зголемувањето на платите и пензии.

Со тоа, владата ја прави живеачка полесна за сите и е посветена на намалува цените, намалува инфлацијата, на зголемување на животниот стандард и зголемува куповната моќ, како и зголемување на економскиот раст.

ВМРО-ДПМНЕ на дело покажува одговорно и домаќинско раководење на државата и грижа кон сите категории на граѓани.

 Со почит

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан