• вторник, 12 ноември 2024

ВМРО-Народна партија: Владата да почне медиумска кампања за привлекување на странски инвестиции

ВМРО-Народна партија: Владата да почне медиумска кампања за привлекување на странски инвестиции

Скопје, 10 август 2023

Следејќи ги тековите околу темата за „глобалното затоплување“ како и истражувањето и заклучоците на Климатската опсерваторија на Европската унија за тоа дека месецот јули оваа година всушност претставувал најтоплиот јули откако се мери топлината во светот воопшто, ВМРО-Народна партија и предлага на Владата на Република Северна Македонија.

Со оглед на фактот, а поткрепен со заклучок на Климатската опсерваторија на ЕУ дека месеците јуни и јули оваа година биле најтоплите месеци сиве години откако се мерат овие параметри, а притоа знаеме дека токму месеците јуни и јули во С. Македонија беа едни од подождливите и посвежите месеци годинава, предлагаме Владата на Република Северна Македонија да отпочне со медиумска кампања за привлекување на странски инвестиции и инвеститори кои целосно би ги префрлиле своите бизниси на територијата на Република Северна Македонија.

ВМРО-Народна партија смета дека не треба да се пропушти ваквата можност за искористувањето на потенцијалот во поглед на климатските промени и за нејзино препознавање како идеална држава за инвестирање во одржливи бизниси но и како второ живеалиште за многу граѓани на Северна Европа кои би ја препознавале Северна Македонија како држава со идеални климатски услови за бегство од горештини.

Очигледно е дека со климатските промени Северна Македонија добива идеална климатска состојба па дури и подобра од онаа што ја памтиме во изминатите сто години со очигледни помеки зими и посвежи лета.


Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Фото: МИА

Остани поврзан