• недела, 24 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Сликите од пред клиниките се ужасни

ВМРО-ДПМНЕ: Сликите од пред клиниките се ужасни
Скопје, 11 ноември 2020 Венко Филипче и неговата неспособност се најголема опасност за здравјето на граѓаните во ек на пандемија. Власта во која Венко Филипче го води ресорот здравство не презема ништо за да ги зголеми болничките капацитети во пресрет на есенскиот бран. Пациенти чекаат пред клиниките и по час и половина за преглед, а сликите од пред клиниките се ужасни. Дека власта го изгубила правецот и нема компас, говори фактот што пациент наместо во болница, прима инфузија пред болница, во дворот на истата. Но и тоа што нема вакцини против сезонски грип. Целото здравство е руинирано, а затоа виновни се Заев и Филипче.   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан