ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ како хумористичен стрип со 200 амандмани, ние креираме буџет за вистински развој
- СООПШТЕНИЕ - СДС нема кредибилитет да го критикува буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден.
Скопје, 14 ноември 2024
СДС нема кредибилитет да го критикува буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден.
СДС толку добро „работеше“, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени“ за економијата, но прашањето е: Зошто не ги применуваа сите „генијални“ решенија додека имаа шанса?
ВМРО-ДПМНЕ го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи со што ќе донесе вистински развој на државата.
Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3%
За време на СДС изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, целата екипа на СДС се како хумористичен стрип.
Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари кои бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот.
СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци.
ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници, и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.5-10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10-12.5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години.
Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари.
ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари.
СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати.
ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена.
Народот гледа, ВМРО-ДПМНЕ е тука за граѓаните!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ