• среда, 04 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Руските играчи се во СДС и оние кои му дадоа државјанство на Онишченко

ВМРО-ДПМНЕ: Руските играчи се во СДС и оние кои му дадоа државјанство на Онишченко

Скопје, 3 март 2026

Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС. Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија. СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува иннтегрално.

СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа.

Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина.

Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси. Наместо цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси.

Државата заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан