• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешната министерка за култура купила две карти за Лондон за 900 евра, а не отпатувала

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешната министерка за култура купила две карти за Лондон за 900 евра, а не отпатувала

Скопје, 2 септември 2024

Бисера Антоанета со леснотија ги трошела парите на граѓаните, купила авионски карти во вредност од околу 4000 евра за две патувања и не ги искористила, денес продолжуваме со нови детали

Аздисаноста на СДС, конкретно на Бисера Антоанета никако не сопирала. Секој поминат ден во Министерството за култура бил прилика како да ги искористи за себе народните пари.

Освен чорапи, хулахопки, мечиња, топки, изнајмување на скапи станови таа купувала и авионски карти за Дубаи од 3000 евра за наводно службено патување, а потоа не одела.  

Без грам совест иако не патувала, фактурите го носела за да ги оправда парите.

Освен овие, таа платила и две авионски карти за Лондон. Авионските карти биле на релација Приштина-Лондон во еден правец, платила за истите речиси 900 евра и не заминала повторно на патувањето. Како човек на кој не му е гајле како се трошат народните парите, таа и за ова нереализирано патување си носела документи да ги оправда.

Оттука е логично да се постави прашањето зошто Бисера Антоанета купувала карти, а не заминувала на патување, имала ти таа плани програма по која работи, зошто не можела да предвиди каде оди и за каде да купува карти.

Ова аздисано однесување на Бисера Антоанета е еден од многуте докази на расипничкото однесување на СДС и како ја ограбиле државата.

Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан