• понеделник, 23 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме ЈО темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме ЈО темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

17 февруари 2026

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал во согласност со законот и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена.

Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, тие не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството.

Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување?

Зошто не биле доследно применети Законот за градењето и Законот за здравствената дејност?

Зошто профитот бил ставен пред јавното добро?

Филипче и СДС, наместо безбедноста на граѓаните, ги интересирале провизии, анекси и тендери.

Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма што продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија.

Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот.

Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово.

 

Остани поврзан